0_Магазин.ПорталПатувања

Исчезна најголемиот еквадорски водопад

Водопадот на реката Кока е голема туристичка атракција и досега привлекуваше десетици илјади луѓе годишно. Беше висок 45 метри.

Сантијаго, 2 април 2020 (МИА) – Најголемиот еквадорски водопад Сан Рафаел очевидно пресуши откако големиот понор исчезна и „проголта“ голем дел од водата којашто се слева на тоа место.

Водопадот на реката Кока е голема туристичка атракција и досега привлекуваше десетици илјади луѓе годишно. Беше висок 45 метри.

Според снимките на НАСА, од водопадот останале три потока.

Сѐ уште не е јасно дали станува збор за природна појава или за промена на речниот тек предизвикана од изградба на браните. си/гт/

Таг
Back to top button
Close
Close