0_Спорт.ПорталКошаркаСпорт.Слајдер

Ирвинг го пропушта остатокот од сезоната

Дваесет и седум-годишниот Ирвинг пристигна во тимот на Бруклин летото 2019 година како слободен агент, но поради разни повреди одигра само 20 натпревари.

Бруклин, 4 март 2020 (МИА) – Бекот на Бруклин Нетс, Кајри Ирвинг, претрпе артроскопија на десната рака што доведе до тоа да го пропушти остатокот од сезоната во НБА лигата, соопшти клубот.

Дваесет и седум-годишниот Ирвинг пристигна во тимот на Бруклин летото 2019 година како слободен агент, но поради разни повреди одигра само 20 натпревари.

Тој забележа просечно 27,4 поени, 5,2 скока и 6,4 асистенции во просек по натпревар, запишувајќи повеќе од 50 поени на два натпревари.

Бруклин не го прецизираше точниот период за закрепнување на Ирвинг, но се очекува тој да биде подготвен за почетокот на претсезоната.

Таг
Back to top button
Close
Close