Svet.SlajderДописници СветЕвропаЕвропа.Портал

Ирецот Паскал Донахју избран за нов претседател на Еврогрупата

Земјите членки на еврозоната, по два круга гласање, го избраа ирскиот кандидат  Паскал Донахју да го замени Португалецот Марио Сентено, на местото претседател на Еврогрупата.

Брисел, 9 јули 2020 (МИА) – Земјите членки на еврозоната, по два круга гласање, го избраа ирскиот кандидат  Паскал Донахју да го замени Португалецот Марио Сентено, на местото претседател на Еврогрупата.

Сентено ја потврди информацијата на неговиот Твитер налог вечерва.

Деветнаесетте министри за финансии на земјите членки на еврозоната гласаа во два круга вечерва за тројца кандидати: Ирецот Донахју, Шпанката Надиа Калвино и Луксембуржанецот Пјер Грамења.

Откако Грамења се откажа по првиот круг, мнозинството гласови отидоа кај Донахју и покрај поддршката што ја имаше Калвино од Франција и Германија.

Донахју седнува на фотелјата во момент на длабока економска криза предизвикана од глобалната пандемија на коронавирус. тм/ссм/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close