Svet.SlajderСветСвет.Портал

Иранските власти затвораат училишта во два града за да спречат ширење на Ковид-19

Иран ќе затвори училишта, универзитети и едукативни центри во два централни града за да спречи ширење на новиот коронавирус, јави државната телевизија.

Техеран, 22 февруари 2020 (МИА) – Иран ќе затвори училишта, универзитети и едукативни центри во два централни града за да спречи ширење на новиот коронавирус, јави државната телевизија.

Во соопштението се вели дека затворањето ќе почне утре и ќе трае два дена во градот Ком, каде од вирусот починаа две лица, а една недела во градот Арак.

Иран денеска објави за уште еден смртен случај меѓу 10 нови случаи на коронавирусот, со што вкупниот број на смртни случаи во Исламската Република е пет и заразени се 28. зш/

Back to top button
Close
Close