Svet.SlajderСветСвет.Портал

Иранските власти го поздравија гласањето во СБ на ОН

„Америка никогаш не била толку изолирана во 75-годишната историја на ОН“, напиша портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави на Твитер, откако само две од 15-те членки на Советот за безбедност гласаа за резолуцијата на САД.

Техеран, 15 август 2020 (МИА) –   Иранските власти денеска го поздравија гласањето во Советот за безбедност на ОН, со кое беше отфрлена американската резолуција за проширување на ембаргото за продажба на оружје за Иран, што истекува во октомври.

„Америка никогаш не била толку изолирана во 75-годишната историја на ОН“, напиша портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави на Твитер, откако само две од 15-те членки на Советот за безбедност гласаа за резолуцијата на САД.

Министерот за надворешни работи на САД, Мајкл Помпео, го оцени отфрлањето на резолуцијата на САД како „непростлив“ неуспех на Советот за безбедност на ОН. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close