СветСвет.Портал

Иранските власти демантираат дека го криеле точниот број на заразени и починати од коронавирус

Иранската Влада вети дека ќе биде колку е можно потранспарентна околу прашањата поврзани со епидемијата од коронавирус, откако власта беше обвинета дека ја крие вистинската бројка на заразени и починати од Ковид-19.

Техеран, 24 февруари 2020 (МИА) – Иранската Влада вети дека ќе биде колку е можно потранспарентна околу прашањата поврзани со епидемијата од коронавирус, откако власта беше обвинета дека ја крие вистинската бројка на заразени и починати од Ковид-19.
Претходно Ахмад Фарахани, пратеник од градот Кум, јужно од главниот град Техеран, ја обвини Владата дека ја прикрива вистинската информација за ширењето на болеста. Властите објавија дека досега од коронавирусот се починати 12 лица, но според Фарахани, смртните случаи се околу 50.
Иранскиот заменик министер за здравство, Ирај Харирчи „категорично ја отфрли“ таквата информација, додавајќи дека „сега не е време за политички конфронтации, бидејќи коронавирусот е национален проблем“.
– Ќе ја објавуваме секоја информација за бројот на смртните случаи во земјата. Ветуваме дека ќе останеме транспарентни, истакна портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеј. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close