СветСвет.Портал

Иранскиот амбасадор во ОН со писмо до Гутереш: Убиството на Сулејмани е кршење на меѓународното право

Иран му порача на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш да го задржи правото на самоодбрана, загарантирано според меѓународното право.

Њујорк, 4 јануари 2020 (МИА) – Иран му порача на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш да го задржи правото на самоодбрана, загарантирано според меѓународното право.

По убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани во Ирак, иранскиот амбасадор во ОН Тахт Раванчи во писмо до Гутереш напиша дека тој чин, според сите стандарди, „претставува очигледен пример на американски тероризам и, како криминален чин, претставува флагрантно кршење на основните принципи на меѓународното право, особено она пропишано со Повелбата на ОН“.

Иран претходно се закани со одмазда поради убиството на Сулејмани. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close