Svet.SlajderСветСвет.Портал

Ирански генерал ја презеде одговорноста за украинскиот авион

Командантот на иранската Револуционерна гарда, генерал Амир Али Хаџизаде изјави денеска дека неговата единица презема „целосна одговорност“ за ненамерното соборување на украинскиот патнички авион.

Техеран, 11 јануари 2020 (МИА) – Командантот на иранската Револуционерна гарда, генерал Амир Али Хаџизаде изјави денеска дека неговата единица презема „целосна одговорност“ за ненамерното соборување на украинскиот патнички авион.

Во своето обраќање на државната телевизија, Хаџизаде изјави дека кога дознал за соборувањето на авионот, при што загинаа 176 патници и членови на екипажот, „посакал да биде мртов“.

Иранските вооружени сили соопштија дека го замениле авионот со непријателска мета во момент на ракетните напади врз две воени бази во Ирак, во кои се стационирани американски трупи.

Нападите беа одмазда поради убиството на иранскиот врховен генерал Касим Сулејмани, кој загина во американскиот воздушен напад во Багдад. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close