Svet.SlajderБалканБалкан.ПорталДописници Свет

Ирански дипломати во Албанија прогласени за непожелни

Албанија прогласи за непожелни двајца ирански дипломати, потврди овластениот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај. Локалните медиуми посочуваат дека тие биле запознати со иранскиот план за напад на американски амбасади, поради што и САД во воздушен напад го убија иранскиот генерал Касем Сулејмани. 

Тирана, 15 јануари 2020 (МИА) – Албанија прогласи за непожелни двајца ирански дипломати, потврди овластениот министер за Европа и надворешни работи Гент Цакај. Локалните медиуми посочуваат дека тие биле запознати со иранскиот план за напад на американски амбасади, поради што и САД во воздушен напад го убија иранскиот генерал Касем Сулејмани.

Цакај, на својот профил на Фејсбук напиша дека за непожелни се прогласени Мохамад Али Арз Пеиманемати, трет советник и Сејед Ахмад Хосеини Алсат, аташе за култура поради активности во „спротивност со нивниот статус“. Тие земјата треба да ја напуштат во рок од 72 часа.

Според тиранската телевизја Топ чанел, двајцата дипломати биле директно поврзани со генералот Касем Сулејмани, кој беше убиен во американски воздушен напад. Се дознава дека албанските разузнавачки служби, со помош на сојузничките земји, обезбедиле и докази дека тие биле запознати со тајниот план за напад врз на амбасадата на САД во Багдад организиран од Сулејмани.

„Министерството за Европа и надворешни работи денеска донесе одлука дипломатските претставници на Амбасадата на Исламската Република Иран во Албанија, г. Мохамад Али Арз Пеиманемати и Сејед Ахмад Хосеини Аласт, да бидат прогласени за непожелени поради спроведување активности што не се во согласност со нивниот статус и принципите на Виенската конвенција за дипломатски односи. Од двајца претставници на Исламската Република Иран се бара да ја напуштат територијата на Република Албанија веднаш, напиша Цакај.

Во декември 2018 годна Албанија ги прогласи за непожелни и ги протера иранскиот амбасадор и уште еден дипломат од иранската амбасада во Тирана. вт/ссм/

Back to top button
Close
Close