Svet.SlajderСветСвет.Портал

Иран потврди дека минатомесечната експлозија во нуклеарната постројка Натанц била саботажа

Иранската организација за атомска енергија (МАЕО) не откри кој стои зад саботажата, а некои ирански претставници веруваат дека станува збор за кибер напад, пишува Би-Би-Си.

Техеран, 24 август 2020 (МИА) – Иран потврди дека минатомесечната експлозија во нуклеарната централа „Натанц“ била саботажа.

Иранската организација за атомска енергија (МАЕО) не откри кој стои зад саботажата, а некои ирански претставници веруваат дека станува збор за кибер напад, пишува Би-Би-Си.

Натанц се наоѓа на 250 километри јужно од Техеран и е најголемата иранска инсталација за збогатување ураниум.

Информацијата беше објавена по серијата пожари и експлозии во различни постројки, што се случија во изминатите неколку недели. сд/

 

Back to top button
Close
Close