Svet.SlajderСветСвет.Портал

Иран: Не одиме во војна, но не се плашиме од судири

Врховниот ирански командант Хусеин Салами денеска изјави дека Иран не се движи кон војна, но не се плаши од какви било судир

Техеран, 2 јануари 2020 (МИА) – Врховниот ирански командант Хусеин Салами денеска изјави дека Иран не се движи кон војна, но не се плаши од какви било судир.

Неговата изјава уследи по обвинувањата на САД и претседателот Доналд Трамп дека Техеран стои зад антиамериканските протести во Ирак и нападот врз Амбасадата на САД во Багдад.

–          Ние не ја водиме земјата во војна, но не се плашиме од ниедна војна и и кажуваме на Америка конкретно да разговара со иранската нација. Имаме моќ да ја скршиме повеќе пати и не сме загрижени, изјави командантот на Револуционерната гарда, генерал Салами.

Трамп на 31 декември го обвини Иран за организирање на демонстрациите пред Амбасадата на САД во Багдад, а Техеран ги отфрли обвинување. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close