СветСвет.Портал

Иран најави нова генерација центрифуги

Иран ќе развие нова генерација центрифуги за збогатување ураниум, најави заменик директорот на иранската нуклеарна агенција Али Ашгар Зареан.

Дубаи, 8 декември 2019 (МИА) – Иран ќе развие нова генерација центрифуги за збогатување ураниум, најави заменик директорот на иранската нуклеарна агенција Али Ашгар Зареан.

– Во блиска иднина ќе ја претставиме новата генерација центрифуги од домашно производство, истакна Зараен, без да соопшти повеќе детали.

Официјален Техеран во септември соопшти дека почнал да развива центрифуги, со цел да го забрза збогатувањето на ураниум во рамки на настојувањето да го намали почитувањето на обврските кон нуклеарниот договор со шесте светски сили постигнат во 2015 година. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close