СветСвет.Портал

Иран: Маскирани напаѓачи го убија командантот на силите Басиџ

Маскирани вооружени напаѓачи денеска од заседа го убија локалниот командант на паравоените безбедносни сили во југозападниот дел на Иран, инаку соработник на иранскиот генерал Касим Сулејмани, кој неодамна беше убиен во американски воздушен напад во Багдад.

Техеран, 22 јануари 2020 (МИА) – Маскирани вооружени напаѓачи денеска од заседа го убија локалниот командант на паравоените безбедносни сили во југозападниот дел на Иран, инаку соработник на иранскиот генерал Касим Сулејмани, кој неодамна беше убиен во американски воздушен напад во Багдад.

Убиениот командант Абдолхосеин Моџадами ги предводел силите Басиџ, кои се паравоено крило на Револуционерната гарда, задолжени за внатрешната безбедност и други задачи.

Тој е убиен пред својот дом во провинцијата Кузестан. Двајца напаѓачи на мотор, вооружени со пушки, му поставиле заседа на Моџадами. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close