Svet.SlajderСветСвет.Портал

Иран и Сирија треба да исплатат отштета за американските жртви во Израел

Судијата Рендолф Д. Мос од Окружниот суд во округот Колумбија предсуди дека Американците повредени или убиени при нападите на Палестинците имаат право на отштета од Иран и од Сирија, бидејќи тие земји обезбедиле „материјална поддршка“ на екстремистичката организација Хамас и палестинската група Исламски џихад

Вашингтон, 3 јуни 2020 (МИА) – Судијата Рендолф Д. Мос од Окружниот суд во округот Колумбија предсуди дека Американците повредени или убиени при нападите на Палестинците имаат право на отштета од Иран и од Сирија, бидејќи тие земји обезбедиле „материјална поддршка“ на екстремистичката организација Хамас и палестинската група Исламски џихад.

Судот се уште не ја има одредено висината на отштетата.

Сирија, Иран и иранското Министерство за надворешни работи се наведени како обвинети, но не учествуваа во судскиот процес.

Американските судови и претходно и наредуваа на Владата на Иран да исплати стотици милиони долари на семејствата на Американците, кои беа убиени од палестинските екстремисти.но, наплатата не е реализирана бидејќи Иран и САД немаат дипломатски односи. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close