Svet.SlajderСветСвет.Портал

Иран го одби рускиот предлог за директни преговори со САД

Иранските власти го одбија предлогот на Русија за воспоставување директни иранско-американски преговори.

Техеран, 4 септември 2020 (МИА) – Иранските власти го одбија предлогот на Русија за воспоставување директни иранско-американски преговори.

Шефот на Кабинетот на иранскиот претседател Махмуд Ваези изјави дека го одбиле предлогот на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров за воспоставување директни преговори.

Истакнувајќи дека Русија и многу други земји вложуваат напори за да дојде до релаксација на односите меѓу Иран и САД, Ваези рече дека Техеран јасно го изнел ставот дека нема намера за преговори со Вашингтон.

– Американците со нас можат да преговараат само ако се повторно се вклучат кон нуклеарниот договор. Сите други иницијативи се осудени на пропаст, порача тој.

Во вторникот, Кавров изјави дека Русија е подготвена да поддржи иницијатива за воспоставување дијалог меѓу Иран и САД.

– Убедени сме дека дијалогот и директното изнесување на проблемите е најдобар начин за надминување на кризата, рече тогаш Лавров. ссм/

Back to top button
Close
Close