СветСвет.Портал

Иран ги испрати црните кутии од соборениот украински авион во Франција

Властите во Техеран ги испратија „црните кутии“ од украинскиот патнички авион, што иранските воени сили ненамерно го соборија на 8 јануари, во Франција за анализа.

Техеран, 18 јули 2020 (МИА) – Властите во Техеран ги испратија „црните кутии“ од украинскиот патнички авион, што иранските воени сили ненамерно го соборија на 8 јануари, во Франција за анализа.

За време на зголемената борбена готовност поради конфронтацијата меѓу Иран и САД, силите на Иранската револуционерна гарда гаѓале со проектили во авионот на една украинска авиокомпанија, сметајќи дека станува збор за непријателска цел. Во несреќата загинаа повеќе од 170 патници на тој авион.

– „Црните кутии“ вчера беа предадени во Париз од официјални претставници на цивилното воздухопловство и еден судија, изјави Мохсен Бахарванд, заменик министер за надворешни работи на Иран задолжен за меѓународни и правни работи, за иранската новинска агенција ИЛНА.

Тој додаде дека читањето на податоците за летот, складирани во „црни кутии“, во Франција ќе започне во понеделник. Притоа ја пофали француската Влада за нејзината „многу добра соработка со иранската делегација“.

Француската агенција за истражување авионски несреќи, БЕА, има репутација на една од водечките во светот кога станува збор за читање податоци од „црните кутии“. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close