СветСвет.Портал

Иран: Ќе продолжиме со испорака на гориво за Венецуела

Иран ќе продолжи да испорачува гориво за Венецуела доколку официјален Каракас побара уште резерви, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

Техеран, 1 јуни 2020 (МИА) – Иран ќе продолжи да испорачува гориво за Венецуела доколку официјален Каракас побара уште резерви, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

– Иран го остварува своето право на слободна трговија со Венецуела и подготвени сме да испратиме уште бродови доколку Каракас побара нови резерви, нагласи Мусави.

Неодамна беа испратени пет ирански танкери со нафта за Венецуела, каде има недостиг, и покрај несогласувањето од страна на Вашингтон. Иран и Венецуела се под американски санкции. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close