Svet.SlajderСветСвет.Портал

Иран ќе настојува да ги анализира црните кутии од украинскиот авион

Иран ќе се обиде да ги анализира црните кутии од соборениот украински авион, објави денеска иранската официјална иранска агенција ИРНА, со што ги демантира претходните извештаи дека тие ќе бидат испратени во Украина за анализа.

Техеран, 19 јануари 2020 (МИА) – Иран ќе се обиде да ги анализира црните кутии од соборениот украински авион, објави денеска иранската официјална иранска агенција ИРНА, со што ги демантира претходните извештаи дека тие ќе бидат испратени во Украина за анализа.

– Ние се обидуваме да ги анализираме црните кутии овде во Иран. Други опции ги вклучуваат Украина и Франција, но одлуката за нивно испраќање во друга земја сè уште не е донесена, изјави за ИРНА официјалниот претставник на иранската цивилна авијација Хасан Разаифар.

Новинската агенција Тасним вчера јави дека Иран во Украина ќе ги испрати црните кутии од украинскиот авион кој по грешка беше соборен на 8 јануари.

Во падот на авионот загинаа сите 176 патници и членови на екипаж кои се наоѓаа во него. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close