Svet.SlajderСветСвет.Портал

Иран ја отфрли идејата за нов нуклеарен договор изготвен од Трамп

Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска го отфрли предлогот за нов „Договор од Трамп“ што ќе има за цел да го реши нуклеарниот спор, изјавувајќи дека е тоа „чудна“ понуда, притоа критикувајќи го американскиот претседател дека секогаш ги прекршува ветувањата. 

Техеран, 15 јануари 2020 (МИА) – Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска го отфрли предлогот за нов „договор изготвен од Трамп“ што ќе има за цел да го реши нуклеарниот спор, изјавувајќи дека е тоа „чудна“ понуда, притоа критикувајќи го американскиот претседател дека секогаш ги прекршува ветувањата.

Во говор што беше директно пренесуван на иранска телевизија, Рохани го повика Вашингтон да се врати на нуклеарниот договор од 2015 година, од каде се повлече во 2018 година.

-Не знам како размислува тој господин премиер во Лондон ( Борис Џонсон, н.з.). Тој вели нуклаерниот договор да го ставиме на страна и да почнеме нов, според план на Трамп, рече Рохани.

„Доколку преземете погрешен чекор, тоа ќе биде на ваша штета. Изберете го вистинскиот пат. Вистинскиот пат е враќање кон нуклеарниот договор“, истакна иранскиот претседател.

Британскиот премиер Бориос Џонсон, кој ја пофали умешноста на Трамп да склучува договори, вчера го повика американскиот претседател да го замени иранскиот нуклеарен договор со големите сили од 2015 година со свој нов договор, за да може да осигура дека Техеран нема да дојде до нуклаерно оружје. сд/

Back to top button
Close
Close