СветСвет.Портал

Ирак уапси уште еден водач на ИД

Ирачките безбедносни сили спречија серија терористички напади во земјата и уапсија еден од водачите на терористичката група Исламска држава во Багдад, објави телевизијата Ал-Сумарија, повикувајќи се на изјава на прес-службата на Ирачката агенција за безбедност.

Багдад, 20 септември 2020 (МИА) – Ирачките безбедносни сили спречија серија терористички напади во земјата и уапсија еден од водачите на терористичката група Исламска држава во Багдад, објави телевизијата Ал-Сумарија, повикувајќи се на изјава на прес-службата на Ирачката агенција за безбедност.

Безбедносните сили на Багдад направиле заседа и привеле еден од водачите на Даеш во Ирак, кој подготвувал терористички напади на денот кога се слави Арбаин (годишна меморијална поворка на шиитите на четириесеттиот ден од верската церемонија Ашура).

Кон крајот на 2017 година, Багдад прогласи победа над Исламската држава, иако ирачката армија, со поддршка на меѓународната коалиција и полицијата, продолжува со операциите за идентификување на „заспаните“ групи во одредени делови на земјата. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close