СветСвет.Портал

Ирак доби трет мандатар за состав на новата влада

Началникот на Националната разузнавачка служба на Ирак, Мустафа ал Кадими денеска е именуван за мандатар за состав на владата, трет кандидат за еден месец, бидејќи претходно предложениот се повлече во услови на политички судири.

Багдад, 9 април 2020 (МИА)Началникот на Националната разузнавачка служба на Ирак, Мустафа ал Кадими денеска е именуван за мандатар за состав на владата, трет кандидат за еден месец, бидејќи претходно предложениот се повлече во услови на политички судири.

Кандидатурата на Аднан ал Зурфи, втор кандидат за мандатар за состав на владата, беше загрозена во изминатите 48 часа, бидејќи клучните шиитски партии се собраа да го поддржат шефот на разузнавачката служба Ал Кадими.

Ал Зуфри изјави дека бил соочен со голем отпор од главните ирачки политички партии, а во оставката наведе внатрешни и надворешни причини кои го спречуваат во вршењето на должноста мандатар.

Пред него се повлече и првиот предложен мандатар Абдул Махди, под притисок на масовни протести во земјата.

Кадими од јуни 2016 година е на позицијата шеф на Националната разузнавачка служба на која го постави поранешниот премиер Хајдар ал Абади.

Според уставот на Ирак, тој има 30 дена да го претстави својот кабинет пред Парламентот. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close