Svet.SlajderСветСвет.Портал

Ирачкиот Парламент ја комплетира владата на Мустафа ал-Кадими, избра уште седум министри

Ирачкиот Парламент денеска го одобри остатокот од владата на премиерот Мустафа ал-Кадими, прифаќајќи го изборот на Ихсан Абдул Џабар Исмаил за нов министер за нафта, како и кандидатите за другите шест министерски функции, изјавија пратениците.

Багдад, 6 јуни 2020 (МИА) – Ирачкиот Парламент денеска го одобри остатокот од владата на премиерот Мустафа ал-Кадими, прифаќајќи го изборот на Ихсан Абдул Џабар Исмаил за нов министер за нафта, како и кандидатите за другите шест министерски функции, изјавија пратениците.

Ал-Кадими стана премиер минатиот месец, по петмесечниот политички ќорсокак, откако неговиот претходник Адел Абдул Мади си поднесе оставка под притисок на масовните антивладини протести.

Парламентот,  освен седумте денеска прифатени министерски позиции, досега ги прифати сите членови на владата која ќе има 22 портфолија. Денеска  беа прифатени кандидатите за министер за нафта, за надворешни работи, за трговија, за култура, за земјоделие, за правда и за миграција.

Исмаил е шеф на ирачката нафтена компанија Басра, државен орган што го надгледува производството на нафта и извозот во јужните нафтени полиња. Неговото назначување доаѓа во време кога Ирак учествува во преговорите на ОПЕК + за да се донесе одлука за продолжување на намаленото производство на нафта среде пандемијата со  Ковид-19 и ниските глобални цени на нафтата.

Ал-Кадими, поранешен шеф на ирачката разузнавачка служба, не е поддржан од ниту една политичка партија во земјата, но се смета за прифатлив и за Иран и за САД, двата главни сојузници во Ирак. Неговите кандидати за кабинетот беа прифатени по тајните договори меѓу ирачките политички партии и лидерите.

Владата на ал- Кадими се соочува со криза заради пандемијата на коронавирусот, бидејќи расте бројот на заразени, заради тешките услови во економијата што е зависна од нафтата, обидите за нов бунт на милитантите на Исламската држава и заради американско-иранските тензии во регионот, што земјата претходно годинава ја доведоа до работ на војна. сд/

Back to top button
Close
Close