СветСвет.Портал

ИОМ итно бара безбедно сместување на мигрантите спасени во Средоземно Море

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) ја повика денеска меѓународната заедница итно да најде алтернативен механизам и да се гарантира безбедно сместување на мигрантите кои се спасени во Средоземно Море по бомбардирањето на пристаништните објекти во Триполи.

Гранд Саконекс, 20 февруари 2020 (МИА) – Меѓународната организација за миграција (ИОМ) ја повика денеска меѓународната заедница итно да најде алтернативен механизам и да се гарантира безбедно сместување на мигрантите кои се спасени во Средоземно Море по бомбардирањето на пристаништните објекти во Триполи.

Апелот доаѓа откако околу 200 мигранти беа вратени во Либија во вторникот, само неколку часа по бомбардирањето на главното пристаниште во Триполи.

Организацијата наведува во своето соопштение дека е крајно време за конкретна акција, со што ќе им се гарантира безбеден престој на луѓето кои се спасени во морето и ќе се прекине системот на „случаен“ притвор, истакна шефот на мисијата на ИОМ, Федерико Сода.

Според оваа организација, од страна на крајбрежната стража 1.700 луѓе биле пресретнати или спасени и вратени во Либија од почетокот на годинава, а повеќе од 3.000 пристигнале во Италија и на Малта, повеќето благодарејќи на бродовите на невладини организации. гт/

Таг
Back to top button
Close
Close