0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Инзаги: Натпреварот против Баерн е кулминација на петгодишната работа со прекрасен тим

Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги ги сподели своите очекувања за првиот дуел од осминафиналната пресметка со Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Рим, 23 февруари 2021 (МИА) – Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги ги сподели своите очекувања за првиот дуел од осминафиналната пресметка со Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

– Овој натпревар е кулминација на петгодишната работа со овој прекрасен тим. Ќе се обидеме да го покажеме нашиот најдобар фудбал и да уживаме во него. Баерн ја освои Лигата на шампионите, а потоа и Светското клупско првенство. Претпочитам да се фокусирам на мојот тим, а не на слабостите на противникот. Во текот на нашето патешествие, имавме многу финалиња, така што знаеме како да се подготвиме за вакви натпревари, го цитира Инзаги официјалната веб-страница на УЕФА.

Средбата ќе се одржи вечер во Рим со почеток во 21 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close