Дописници МКДОпштински вести

Инвеститорот нема пречка за изградба на мала хидроцентрала на пробиштипската река Шталковица

Во тек е изградбата на малата хидроцентрала на река Шталковица во пробиштипското село Турско Рударе. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека и покрај реакциите на граѓаните, на Советот и доставеното барање да се преиспита целата постапка, пред два месеци им пристигнал одговор од Министерството за животна средина и Општината морала да издаде градежна дозвола на инвеститорот, бидејќи доколку не го сторела тоа ќе плаќала пенали.

Штип, 1 јуни 2021 (МИА) – Во тек е изградбата на малата хидроцентрала на река Шталковица во пробиштипското село Турско Рударе. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека и покрај реакциите на граѓаните, на Советот и доставеното барање да се преиспита целата постапка, пред два месеци им пристигнал одговор од Министерството за животна средина и Општината морала да издаде градежна дозвола на инвеститорот, бидејќи доколку не го сторела тоа ќе плаќала пенали.

-Општината даде негативно мислење за изградба, но од Министерството за животна средина не го уважи нашето барање да се стопира изградбата на хидроцентрала на Шталковица, вели Анастасов.

Тој истакна дека согласно ветувањето и договорот меѓу инвеститорот и жителите на село Турско Рударе нема да има проблеми со водоснабдувањето на селото, а ќе се гради и систем за наводнување на земјоделското земјиште. вдј/аа/

Таг
Back to top button
Close
Close