Дописници МКДОпштински вести

Интересот за вакцинација во населените места во Струмичко се зголемува

Од почетокот на теренската вакцинација во Струмичко вакцина против Ковид-19 примиле над 600 граѓани. Досега од вкупно 72 населени места мобилните тимови на Здравствениот дом во Струмица поминале во 14, а до крајот на август, кога е планирано да заврши ова вакцинирање, треба да дојдат во сите села од Струмичкиот регион.

Струмица, 22 јули 2021 (МИА) – Од почетокот на теренската вакцинација во Струмичко вакцина против Ковид-19 примиле над 600 граѓани. Досега од вкупно 72 населени места мобилните тимови на Здравствениот дом во Струмица поминале во 14, а до крајот на август, кога е планирано да заврши ова вакцинирање, треба да дојдат во сите села од Струмичкиот регион.

Здравствените тимови денеска беа во едно од поголемите населените места во општина Струмица, Муртино. Таму граѓаните покажаа голем интерес за вакцинирање.

– Добро е што не мораме да патуваме за да се вакцинираме и за поздравување е тоа што можеме да го направиме дома. Решивме да се вакцинираме, бидејќи се работи за нашето здравје. Не чекаме многу, а вакцинирањето се одвива брзо, рекоа граѓани на село Муртино, кои се вакцинираа во пунктот во основното училиште.

Во Струмица денеска се вакцинирале над 800 граѓани, од кои 527 се ревакцинирале, а останатите примиле прва доза. рт/рп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close