Дописници МКДОпштински вести

Интерактивни табли во сите училници во ОУ„ Кузман Јосифоски Питу“ во Кичево

Основното училиште„ Кузман Јосифоски-Питу“ кон крајот на изминатата година обезбеди интерактивни табли за сите училници, вкупно 16.

Кичево, 18 февруари 2021 (МИА) – Основното училиште „Кузман Јосифоски-Питу“ кон крајот на изминатата година обезбеди интерактивни табли за сите училници, вкупно 16.

-Интерактивните табли се обезбедени од три извори. Три интерактивни табли ги донира амбасадата на Израел во земјава, кога во нашето училиште свечено беше отворена „Иновативна израелска училница“, со поддршка на Министерството за надворешни работи на Израел и израелскиот амбасадор Дан Оријан. Најголем број интерактивни табли односно 12, се обезбедени од заштеда на средства од блок дотациите што ги доби нашето училиште во текот на изминатиот период, додека една табла е подарена од Фондацијата „Метаморфозис“ на нашата наставничка Ќети Наумоска, која беше прогласена за најдобар наставник кој користи отворени образовни ресурси, рече директорот Драган Андрески.

 Тој, исто така ја потенцира полезноста од истите.

– Интерактивните табли во голема мера ќе бидат од корист за поефективно одвивање на наставата и вклучување на учениците во сите фази од образовниот  процес, дополни директорот на училиштето.

Основното училиште„ Кузман Јосифоски-Питу“ брои 640 ученици, а на 25-ти овој месец ќе го прослави 60-от роденден.за/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close