0_Спорт.ПорталФудбал

Интер заинтересиран за Манџукиќ

Калчолигашот Интер размислува за потпишување на договор со поранешниот напаѓач на Јувентус, Марио Манџукиќ, јавуваат италијанските медиуми.

Милано, 8 јули 2020 (МИА) – Калчолигашот Интер размислува за потпишување на договор со поранешниот напаѓач на Јувентус, Марио Манџукиќ, јавуваат италијанските медиуми.

Сега фудбалерот е слободен агент. Претходно тој го раскина договорот со катарскиот клуб Ал-Духаил.

Според „La Gazzetta dello Sport“, во хрватскиот фудбалер Интер гледа играч кој доколку е потребно може да го замени Ромелу Лукаку. Интер нема да мора да плати надомест за тоа, што ја зголемува веројатноста за трансфер.

Извршниот директор на „Нероазури“, Џузепе Марота, кој претходно работеше во Јувентус, сака да го види Манџукиќ во тимот.

Триесет и четиригодишниот Хрват се пресели од Јувентус во Ал-Духаил во декември 2019 година и оттогаш постигна еден гол за катарскиот клуб на седум натпревари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close