0_Спорт.ПорталРезултатиФудбал

Интер противник на Наполи во полуфиналето на Купот на Италија

Во четвртфиналето на Купот на Италија, Интер синоќа ја совлада Фиорентина со 2:1 и се избори за полуфинале со Наполи.

Милано, 30 јануари 2020 (МИА) – Во четвртфиналето на Купот на Италија, Интер синоќа ја совлада Фиорентина со 2:1 и се избори за полуфинале со Наполи.

Миланскиот клуб до победата дојде со головите на Кандрева и Барела, додека за Фиорентина погоди Касерес.

Првиот натпревар од полуфиналната пресметка ќе се одржи на 12 февруари во Неапол, реваншот е 4 март во Милано.

Во другото полуфинале се среќаваат Милан и Јувентус. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close