0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Интер подготвен да плати 35 милиони евра за Кулушевски

Играчот од средниот ред на Парма, Дејан Кулушевски, изнајмен од Аталанта, може наскоро да замине во Интер, пренесува „Кориере дела Сера“.

Милано, 12 декември 2019 (МИА) – Играчот од средниот ред на Парма, Дејан Кулушевски, изнајмен од Аталанта, може наскоро да замине во Интер, пренесува „Кориере дела Сера“.

Според медиумот, Интер се согласил да и плати на Аталанта 35 милиони евра за 19-годишниот Швеѓанец со македонско потекло.

Миланскиот клуб посакува да го реализира трансферот во јануари, но проблем е тоа што тој е изнајмен на Парма до крајот на сезоната.

Деветнаесет годишниот Кулушевски оваа сезона досега има 15 настапи во Серија А, на кои постигна три гола и забележа пет асистенции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close