0_Спорт.ПорталФудбал

Интер одби да го продаде Лукаку на Челзи за 130 милиони евра

Премиерлигашот Челзи е подготвен да плати 130 милиони евра за враќање на напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку.

Милано, 28 јули 2021 (МИА) – Премиерлигашот Челзи е подготвен да плати 130 милиони евра за враќање на напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку.

Според „Фудбал Италија“, Интер ги одбил лондонци, бидејќи не се подготвени да се разделат со играчот ова лето. Беше соопштено дека Интер бил контактиран и од Манчестер сити.

Минатата сезона, 28-годишниот Лукаку одигра 44 натпревари за Интер на сите натпреварувања, на кои постигна 30 гола и забележа 10 асистенции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close