0_Спорт.ПорталФудбал

Интер го претстави новиот амблем

Италијанскиот фудбалски гигант Интер денес преку социјалните мрежи го претстави новото лого.

Милано, 30 март 2021 (МИА) – Италијанскиот фудбалски гигант Интер денес преку социјалните мрежи го претстави новото лого.

Амблемот е направен во три бои, во црн круг со син централен дел, има стилизирани букви ИМ – Интернационале Милано.

Буквите „FC“, како и златната боја кои беа на старото лого, веќе ги нема. Сината боја стана подоминантна.

Интер во тековната сезона се наоѓа на првата позиција на табелата во Серија А и е на добар пат да го симне Јувентус од тронот во италијанскиот фудбал. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close