0_Спорт.ПорталФудбал

Интер ќе се обиде да го ангажира Меси во 2021 година

Калчолигашот Интер ќе се обиде да потпише договор со напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, тврди „Спорт Медиасет“.

Милано, 25 јули 2020 (МИА) – Калчолигашот Интер ќе се обиде да потпише договор со напаѓачот на Барселона, Лионел Меси, тврди „Спорт Медиасет“.

Договорот на напаѓачот со Каталонците истекува во летото 2021 година, па клубот од Милано очекува да го добие бесплатно.

Во исто време, платата на Меси во Интер ќе изнесува околу 50 милиони евра годишно. Клубот се надева дека Аргентинецот ќе помогне при привлекување нови спонзори и зголемување на медиумското покривање.

Меси целата кариера ја помина во Барселона, а медиумите во последно време шпекулираат дека Интер е главен фаворит во борбата за играчот.

Во сезоната 2019/20, Меси стана најдобар стрелец и асистент во шпанската Ла Лига со 25 голови и 21 асистенција на 33 натпревари. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close