0_Спорт.ПорталФудбал

Интер ќе му понуди на Брозовиќ нов договор

Играчот од средниот ред на Интер, Марсело Брозовиќ може да добие нов договор во текот на летото. Според „Тутоспорт“, клубот е подготвен да ја зголеми платата на играчот и да го продолжи договорот за една година, но главната цел е да се ослободи од износот на обештетување утврден во висина од 60 милиони евра.

Милано, 22 март 2020 (МИА) – Играчот од средниот ред на Интер, Марсело Брозовиќ може да добие нов договор во текот на летото. Според „Тутоспорт“, клубот е подготвен да ја зголеми платата на играчот и да го продолжи договорот за една година.

Сегашниот договор меѓу клубот и Брозовиќ е со важност до 2022 година, годишната плата му е 4,5 милиони евра.

Оваа сезона, 27-годишниот Хрват настапи на 23 натпревари во Серија А и постигна три гола. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close