Дописници МКДОпштински вести

Интензивно се реконструира просторот околу Спомен Костурницата во Куманово

Интензивно се спроведува уредувањето на просторот околу Спомен Костурницата во Куманово, информираше денеска градоначалникот, Максим Димитриевски. Предвидено е изградба на амфитеатар, изградба на три спортски терени и трим патеки, ќе се постави опрема за вежбање и рекреирање, нова урбана опрема.

Куманово, 17 април 2021 (МИА) –  Интензивно се спроведува уредувањето на просторот околу Спомен Костурницата во Куманово, информираше денеска градоначалникот, Максим Димитриевски. Предвидено е изградба на амфитеатар, изградба на три спортски терени и трим патеки, ќе се постави опрема за вежбање и рекреирање, нова урбана опрема.

-Ќе продолжиме да ги зголемуваме спортските капацитети и дополнително да создаваме поголеми можности за нашите граѓани да се рекреираат и да спортуваат, напиша Димитриевски.

Уредувањето на просторот се спроведува во рамки на прекугранична соработка која општина Куманово ја спроведува со Гњилане. Проектот се реализира во соработка со Општина Гњилане во рамки на прекугранична соработка.

Претходно, беше распишана тендерска постапка за проектот, кој се спроведува преку заедничка апликација за прекугранична соработка на општините Куманово и Гњилане, во рамки на обновување и зачувување на културното наследство на територијата на двата града. На почетокот од октомври, лани, Димитриевски рече дека е предвидено е да се вклучи и ЈП „Чистота и Зеленило“, кое ќе ги пресади постоечките садници и ќе засади дополнителен број на нови насади за да се зголеми зелениот капацитет во градот. Средствата се обезбедени преку ЕУ.

На спомен костурницата ќе се постави и видеонадзор, беше одлучено на една од седниците, лани за што беа префрлени и средства заштедени од зимското одржување.ам/см/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close