Општински вестиСкопје

Интензивирана изградбата на Спортско – адреналинскиот парк на Кејот на Вардар

Општина Карпош соопшти дека интензивно се работи на Спортско – адреналинскиот парк долж Кејот на реката Вардар, околу Алпинистичката карпа.

Скопје, 24 јануари 2019 (МИА) – Општина Карпош соопшти дека интензивно се работи на Спортско – адреналинскиот парк долж Кејот на реката Вардар, околу Алпинистичката карпа.

Се одредува просторот за новото зеленило и хортикултурното уредување кое ќе се простира на површина од 4.000 квадратни метри и се преземаат градежни активности за изведба на новото фудбалско и одбојкарско игралиште, на детската зона, на скејт паркот, како и на адреналинскиот дел и скверот.

Градоначалникот Стефан Богоев денеска беше во увид на активностите на овој потег, кој треба да  прерасне во атрактивна спортско – рекреативна зона.

По завршување на изведбата на Спортско – адреналинскиот парк, Општина Карпош ќе продолжи со
подготвителни активности и рамнење на теренот до бунарите на реката Лепенец, за целосно да се
раззелени овој дел, кој со децении е место за создавање депонии и палење огнови на отворено.
Локалната самоуправа одвои три милиони денари од буџетот за старт на подготвителните
активности, а Градот Скопје ќе даде поддршка за големиот парк, поточно за раззеленување на
потегот.

Општина Карпош за Спортско – адреналинскиот парк, аплицираше со проект во рамки наПроектот за локалнаи регионална конкурентност (ПЛРК), пришто е добиен грант во износ од 38.100.000 денари. Оваа финансиска поддршка ја обезбеди Европската Унија и Владата на Република Северна Македонија преку кабинетот вицепремиерот задолжен за економски прашања. Учеството на локалната самоуправа изнесува околу пет милиони денари, а паркот се очекува да биде завршен до крајот на јуни 2020 година.са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close