0_Македонија.ПорталОпштество

Интензитетот на сообраќај умерен надвор од градските средини

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти Автомото сојузот.

Скопје, 23 август 2020 (МИА) – Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти Автомото сојузот.

Регионалниот пат Чегране-с.Чајле, како што посочија од АМСМ, е затворен за сообраќај поради изведување градежни работи.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. рп/

Back to top button
Close
Close