0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштество

Институтот за радиологија доби нов апарат за компјутеризирана томографија

Институтот за радиологија набави нов апарат за компјутеризирана томографија Сименс Соматом Го.Уп 64 слајсен. Овој апарат е набавен кон крајот на 2019 година со средства од установата во вредност од 10 милиони денари.

Скопје, 17 јануари 2020 (МИА) – Институтот за радиологија набави нов апарат за компјутеризирана томографија Сименс Соматом Го.Уп 64 слајсен. Овој апарат е набавен кон крајот на 2019 година со средства од установата во вредност од 10 милиони денари.

Апаратот за компјутеризирана томографија работи во две смени, со редовно закажани пациенти преку националниот електронски систем „Мој Термин“.

Министерот за здравство Венко Филипче очекува дека со новиот апарат ќе се скрати времетраењето на прегледот, со подобра резолуција на добиените резултати и детекција на најситните промени.

– Инвестираме во човечкиот капитал, набавка на нови лекови, како и нова медицинска опрема за да им овозможиме подобри услови за работа на медицинскиот персонал и квалитетна здравствена заштита на нашите пациенти. Водиме максимална грижа за подобро здравје на пациентите. Во моментот, на Институтот за радиологија се во функција четири апарати за компјутеризирана томографија, со што значително е подобрено функционирањето во оваа јавна здравствена установа, потенцираше Филипче, информираат од прес-службата на Министерството. фф/сп/

Back to top button
Close
Close