0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталВидеоВидео изјаваОпштество

„Инклузивно лизгање на мраз за сите“ за 40 млади лица со оштетен вид

Четириесет млади лица со оштетен вид од нашата земја, Косово, Романија и Турција се опфатени со проектот „Инклузивно лизгање на мраз за сите“, чија цел е социјалната инклузија на младите лица со попреченост.

Скопје, 14 јануари 2020 (МИА) – Четириесет млади лица со оштетен вид од нашата земја, Косово, Романија и Турција се опфатени со проектот „Инклузивно лизгање на мраз за сите“, чија цел е социјалната инклузија на младите лица со попреченост.

Проектот го спроведува Мрежата за доживотно учење од Тетово, со финансиска поддршка од страна на Националната агенција за европски образовни програми и Мобилност од Скопје.

Сретен Коцески од Мрежата за доживотно учење истакна дека овие лица имаат можност теоретски и практично да научаат вештини кои ќе им овозможат да бидат активни чинители, да бидат дел од секојдневието, заедно и со нивните врсници кои ги немаат тие предизвици.

– Гледаме дека уживаат. За голем дел од нив ова е првпат да застанат на лизгалки на мраз. Навистина е инспиративно и мотивациски и понатаму да се работи, рече тој.

Проектот почнал на 10 јануари и ќе трае се до 17 јануари. Теоретскиот дел од активностите се спроведува во Државен училишен центар за образование и рехабилитација Партенија Зографски – Скопје, додека практичниот дел кој  се однесува на лизгање на мраз, ќе се спроведе денеска и утре на лизгалиштето при СРЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. фф/сп/

Прес-конференција за Проектот “Инклузивно лизгање на мраз за сите”

Posted by MИА.mk on Вторник, 14 јануари 2020

Back to top button
Close
Close