Дописници МКДОпштество

Инклузивен пикадо натпревар помеѓу припадниците на Армијата и ученици од ПОУ „Маца Овчарова“ од Велес

Во посебното основно училиште „Маца Овчарова“ во Велес денеска на гости беа петнаесетина припадници  на Армијата од велешкиот гарнизон „Алексо Демниевски - Бауман“ кои на децата  им донесоа едукативни играчки за наставата и слободното време и симболични пакетиња, при тоа одвоија дел од своето време за взаемно дружење и инклузивен пикадо натпревар  во заеднички екипи, а на крајот доделија и дипломи на екипите за прво, второ и трето место.

Велес, 24 јануари 2020 (МИА) –  Во посебното основно училиште „Маца Овчарова“ во Велес денеска на гости беа петнаесетина припадници  на Армијата од велешкиот гарнизон „Алексо Демниевски – Бауман“ кои на децата  им донесоа едукативни играчки за наставата и слободното време и симболични пакетиња, при тоа одвоија дел од своето време за взаемно дружење и инклузивен пикадо натпревар  во заеднички екипи, а на крајот доделија и дипломи на екипите за прво, второ и трето место.

Капетан Цветанка Велковска, лице за односи со јавноста од велешкиот гарнизон на Армијата, информира за МИА, дека целта на оваа денешна посета во ПОУ „Маца Овчарова“ била да ги израдуваат учениците преку заедничко дружење и скромни подароци.

Таа оцени дека целта била постигната и затоа, како што кажа,  планираат да продолжат и понатаму со вакви и слични средби и дружења со децата кои учат во ова велешко училиште.

Лена Гаданец, директор на ПОУ Маца Овчарова“ рече дека се мноу среќни од ваквиот гест на припадниците на Армијата од велешкиот гарнизон.

-Оваа средба е многу значајна за овие деца, дека некој се сетил на нив и сака да се дружи со нив. Децата тоа со голема радост го искажаа со широките насмевки на нивните лица. Поради тоа, јас од мое и од името на нашите ученици и наставници им благодарам на ваквото пријатно изненадување и гестот да го посетат нашето училиште. При денешната средба  воедно ни најавија и други вакви и слични средби, потенцира Гаданец.

Припадниците на Армијата од велешкиот гарнизон во повеќе наврати во изминатите години биле хумани и делеле пакетчиња составени од војничката маренда, но првпат остваруваат подолго дружење со  заеднички спортски натпревар во пикадо со овие деца. ад/вј/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close