0_Македонија.ПорталПолитички партии

Иницијативен одбор на ВМРО-ДПМНЕ: Да беше искрен во предлогот Мицкоски ќе си дадеше оставка

Да беше искрен во предлогот за вонреден Kонгрес и намерата да не се кандидира, ќе ја искористеше можноста што ја дава статутот, ќе си дадеше оставка и ќе беше свикан конгресот, наместо да прави театар злоупотребувајќи го Централниот комитет, кој е со истечен мандат.

Скопје, 21 септември 2020 – 

Да беше искрен во предлогот за вонреден Kонгрес и намерата да не се кандидира, ќе ја искористеше можноста што ја дава статутот, ќе си дадеше оставка и ќе беше свикан конгресот, наместо да прави театар злоупотребувајќи го Централниот комитет, кој е со истечен мандат.

Се уште актуелниот Престедател на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту кредибилитет, ниту легитимитет да именува или разрешува партиски органи.

Единствено чесно од негова страна би било извинување до членството за претрпените порази, преземање на одговорност, оставка и закажување на вонреден Конгрес.

Само така ќе си го одржи зборот и ќе го сочува образот. Впрочем, самиот Мицкоски јавно вети дека ќе се повлече доколку не победи и не успее да формира влада.

Мицкоски загуби и немаше капацитет да формираше влада. Поразот на избори е највеќе заради тоа што нема капацитет да обединува. Ни граѓаните, ни партиските членови во него не гледаат лидер. Парите наменети за изборно рекламирање ги трошеше по сомнителни портали, а на вмровските листи вметнуваше ликови како Сафет Бишевац кои до вчера го навредуваа и омаловажуваа членството.

Мицкоски е изолиран. Нема поддршка ни од домашната, ни од меѓународната јавност. Мицкоски му одговара само на Зоран Заев бидејќи СДСМ никогаш нема да најде подобар спаринг партнер кој со сигурност ќе си го гази на избори.

Тајмингот и начинот на кој што го предлага новиот извршен комитет покажува само дека  Мицкоски не го почитува конгресот и делегатите кои го избрале. Наместо да побара поддршка на вонреден конгрес и потоа со легитимитет да ја води партијата, доколку добие доберба, Мицкоски одлучува да се коцка со ВМРО-ДПМНЕ и да предлага нови структури кои во суштина не нудат ништо ново.

Иницијативен одбор за свикување на вонреден конгрес ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
 

Back to top button
Close
Close