Дописници МКДОпштински вести

Иницијатива за спас: Единственото решение за Попова Шапка е да биде самостоен правен субјект

Попова Шапка е локомотива. Имам информации од надлежните дека зимава дневно остварува по околу 500 илјади денари промет што не се памти последниве 20 години. Во неделата биле реализирани 11.000 евра само од ски карти, рече денеска Хамди Сулејмани од Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“.

Тетово, 23 февруари 2021 (МИА) – Попова Шапка е локомотива. Имам информации од надлежните дека зимава дневно остварува по околу 500 илјади денари промет што не се памти последниве 20 години. Во неделата биле реализирани 11.000 евра само од ски карти, рече денеска Хамди Сулејмани од Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“.

Сулејмани на прес-конференција уште еднаш истакна дека единственото решение за спас на Попова Шапка е јавното-приватно партнерство. Воедно изрази уверување дека ќе се оствари заложбата на Иницијативата – скијачкиот центар да биде самостоен правен субјект со цел негов побрз развој.

-Се надеваме дека ќе се исполни нашето барање ЕЛЕМ Турс да биде една институција под Владата и Попова Шапка да биде самостоен правен субјект. Така треба да биде зашто Попова Шапка е најголем и најглавен туристички капацитет, истакна Сулејмани.

Во јули 2020 година Иницијативата побара од политичките партии да потпишат обврзувачка декларација со цел во иднина како дел од власта да се посветат на развој на скијачко-рекреативниот центар Попова Шапка. Со декларацијата се бара одземање на сите компетенции на АД ЕЛЕМ Турс и нивно пренесување на Општина Тетово, на локално ниво. Постојат и повеќе краткорочни и долгорочни барања како дел од заложбата која тогаш ја потпишаа три партии. ас/мч/

Back to top button
Close
Close