0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштествоОпштински вести

Инфраструктурни проекти во централното подрачје на Битола

Општина Битола ги интезивира инфраструктурните проекти во централното градско подрачје.

Битола, 16 април 2021 (МИА)Општина Битола ги интезивира инфраструктурните проекти во централното градско подрачје. Од тамошната локална самоуправа информираат дека денеска почнаа реконструктивните зафати на вториот крак на улица Рузвелтова, каде ќе биде извршена промена на водоводната и канализациската мрежа, а паралелно и во непосредна близина се работи на улицата „Димитар Илиевски-Мурато“ која води до плоштадот „Гоце Делчев“.

Вкупната вредност на зафатот за реконструкцијата на улицата „Рузвелтова“, која опфаќа  водовод, канализација, улично осветлување, коловоз и урбана опрема изнесува 11 милиони денари, а рехабилтацијата на улицата „Димитар Илиевски Муртао“ чини 12 милиони денари.

Општина Битола ја заврши реконструкцијата на Офицерскиот дом, а во моментов со екипи на ЈКП „Водовод“ се врши партерно уредување, додека пак ЈП „Комуналец“ поставија ново осветлување со канделабри на пешачката зона од Булевар „1. Мај“ во Битола.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираат дека од денес заради изведување на градежни работи се врши времена промена на сообраќајниот режим на улицата „Илинденска“ во градот. мт/вг/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close