Дописници МКДОпштински вести

Информативни денови за користење на податоците од агрометеоролошките станици во Југоистокот

Во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион продолжуваат информативните денови за користење на податоците од поставените агрометеоролошки станици во овој регион.

Струмица, 8 јануари 2020 (МИА) – Во организација на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион продолжуваат информативните денови за користење на податоците од поставените агрометеоролошки станици во овој регион.

Досега се одржаа информативни денови во Богданци, Гевгелија, Радовиш и Конче, а задутре ќе се одржат во Ново Село и Босилово, каде се поставени по две агрометеорошки станици од вкупно 23 во Југоистокот.

– Ги повикуваме сите земјоделски производители и заинтересирани да учествуваат на информативните денови и да се информираат за начинот на добивање на бесплатни временски информации, како што се влажност и температура на воздух, правец и брзина на ветер, сончева радијација, влажност и температура на почва, влажност на лист и прогноза на болести, информираат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Станиците се поставени во рамки на проектот „Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските култури и животната средина“, кој го имплементира Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со финансиска поддршка од министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка. рт/фф/

Back to top button
Close
Close