Дописници МКДОпштински вести

Информатиката најатрактивна за идните штипски средношколци

Заврши првиот уписен рок во штипските средни училишта, а резултатите од уписите веќе се објавени.

Штип, 18 јуни 2021 (МИА) – Заврши првиот уписен рок во штипските средни училишта, а резултатите од уписите веќе се објавени. Ниту едно слободно места нема за два профили во средното електр-машинско училиште „Коле Нехтенин“-Штип. Директорот на СОУ „Коле Нехтенин, Дејан Павлов вели дека во првиот уписен рок се пополнети двете паралелки за смерот компјутерски техничар за автоматика, таму се пријавија и дваесеттина ученици повеќе од предвидената квота. Павлов забележува дека неколку години наназад овој смер, кој е дел од електро струката е атрактивен за младите, бидејќи како информатичари со стекнато стручно обарзование имаат можност и да се запишат на повеќе факултети, но и веднаш да најдат вработување со висока плата.

– Во останатите смерови во електо-машинската струка имаме слобододни места и за вториот уписен рок на 23, 24 и 25 јуни, вели Павлов.

Најмал број на пријавени кандидати за упис во прва година има во средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“, каде што се пријавиле десеттина ученици. Директорката на СОУ „Димитар Мирасчиев“-Штип, Катица Костова вели дека имаат уште 100 слободни места. Забележува дека најстарото текстилно училиште во регионот е реформирано, а струките се кроени заедно со бизнис секторот.

– Во креирање на струките беа вклучени и двајца претставници од штипските конфекции, навистина трите струки се по мерка на бизнис секторот. Од оваа година учениците ќе имаат  практична настава, ќе бидат вклучени во процесот на производство, а не какошто досега учениците и професорите само ги посетуваат компаниите, вели Костова.

Посочи дека оваа година се забележува и оти во штипските училишта ги нема основците од соседните градови во поголем број. Смета дека пандемијата е причина што учениците остануваат во своите родни градови, но и една од главните причини е и намалениот број на ученици во деветтолетките.

И во останатите две општински училишта, гимназијата „Славчо Стојменски“ и медицинското училиште „Јане Сандански“ има слободни места за уписи во прва година. Министерството за образование и наука годинава издвои средства за стипендии, од кои по 3.500 за дуалните паралелки и 2.200 денари за дефицитарните профили. вдј/оџ/

 

Back to top button
Close
Close