0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Информацијата за јавно-приватно партнерство за дистрибуција на природен гас на владина седница

Владата денеска ќе ја одржи петтата редовна седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните. Ќе ја разгледа и информацијата во врска со постапката за доделување договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија.

Скопје, 28 јануари 2020 (МИА) – Владата денеска ќе ја одржи петтата редовна седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните. Ќе ја разгледа и информацијата во врска со постапката за доделување договор за воспоставување јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Република Северна Македонија.
Како што соопшти владината прес-служба, на предлог на Министерството за финансии денеска ќе биде разгледана и информацијата за Програмата на економски реформи 2020-2022 година.
На предлог на вицепремиерот за координација на економските ресори Мила Царовска на оваа седница ќе се разгледува Информација во врска со активностите за искористување на можностите на Зелениот климатски фонд и назначување контакт лице за Зелениот климатски фонд.
На денешната седница ќе се разгледа и ќе биде утврден текстот на Предлог – закон за заштита на личните податоци.
Министерството за информатичко општество и администрација на седницата ќе ја презентира информацијата за ревизија на Акцискиот план на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022. мд/скс/
 

Back to top button
Close
Close