0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталБизнис.СлајдерЕкономија

Инфо-караванот за ИПАРД 2 денеска во Желино и Теарце

Инфо-деновите за презентирање на Мерката 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД 2 Програмата денеска продолжуваат во Желино и Теарце.

Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Инфо-деновите за презентирање на Мерката 1 „Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства“ од ИПАРД 2 Програмата денеска продолжуваат во Желино и Теарце.

Повикот за оваа мерка трае до 14 април, а предвидува вкупно 9.216.693 евра или  568.147.394 денари за вложување во примарно земјоделско и сточарско производство, инфраструктурни зафати, преработка, директен маркетинг на земјоделското стопанство и производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка.

Министерството за земјоделство потсетува дека во овој повик, набавката на трактор не е прифатлива инвестиција.

Корисници на Мерката 1 може да бидат земјоделски задруги, односно физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство), индивидуален земјоделец или правно лице и задруги.

Освен Мерката 1, на средбите со земјоделците во рамки на инфо-деновите кои неделава ќе бидат организирани и во други општини покрај Желино и Теарце, презентирани ќе бидат и мерките 3 и 7. мч/са/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close