БизнисБизнис.ПорталЕкономија

Инфоденови за ИПАРД 2

Инфоденови за ИПАРД 2 денеска ќе се одржат во Гостивар и Ростуше. Целта на карванот е подобро информирање на граѓаните за поефикасно искористување на ИПАРД-средствата.

Скопје, 4 март 2020 (МИА) – Инфоденови за ИПАРД 2 денеска ќе се одржат во Гостивар и Ростуше. Целта на карванот е подобро информирање на граѓаните за поефикасно искористување на ИПАРД-средствата.

Утре, инфоденови ќе се одржат во скопските општини Кисела Вода и Студеничани, а задутре во Ново Село и Босилово.

Сите заинтересирани граѓани од овие општини ќе имаат можност да се запознаат со ИПАРД-програмата 2014 – 2020, особено со новопромовираната мерка 1, со цел да го развијат и модернизираат сопственото земјоделско стопанство.

На 29.2.2020 година е објавен јавен повик 01/2020, кој се однесува на инвестиции во основни средства на земјоделските стопанства по Мерка 1. Корисници на Мерка 1 може да бидат земјоделски задруги, односно физичко лице (носител на семејно земјоделско стопанство), индивидуален земјоделец или правно лице и задруги. Мерката 1 поддржува примарно земјоделско производство, односно како приоритетни сектори го опфаќа растителното производство, сточарското производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство на земјоделско стопанство.

– За дополнителни информации и детали за инфоденовите за ИПАРД 2014-2020, сите заинтересирани лица, може да добијат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (www.ipard.gov.mk), Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, и тоа: http://ipard.gov.mk/ , http://mzsv.gov.mk/ , http://ipardpa.gov.mk/ , http://agencija.gov.mk/ или на телефонските броеви на Секторот за управување со ИПАРД при МЗШВ на 02/3134-477 локал 113, 114 и 115 во АФПЗРР 02/3097-460 и АПРЗ 047/228-330 И 047/228-370. скс/дма/

 

Back to top button
Close
Close