Дописници МКДОпштински вести

Инфо ден за спроведување на мерките од ИПАРД програмата

Претставници на Телото за ИПАРД при МЗШВ и од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) денеска во Винарија „Стоби“ одржаа Инфо ден со претставници на винариите од повеќе градови, а на кои им ја претставија Мерката 3 од ИПАРД за инвестиции во преработувачките капацитети во кои спаѓаат и винариите. За оваа мерка, чие аплицирање ќе трае до 11 февруари и со можност се продолжи за уште две недели, преку  ЕУ фондовите се предвидени 13,3 милиони евра.

Велес, 24 јануари 2020 (МИА) – Претставници на Телото за ИПАРД при МЗШВ и од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) денеска во Винарија „Стоби“ одржаа Инфо ден со претставници на винариите од повеќе градови, а на кои им ја претставија Мерката 3 од ИПАРД за инвестиции во преработувачките капацитети во кои спаѓаат и винариите. За оваа мерка, чие аплицирање ќе трае до 11 февруари и со можност се продолжи за уште две недели, преку  ЕУ фондовите се предвидени 13,3 милиони евра.

Живко Брајковски од Телото за ИПАРД информира дека покрај другите преработувачки капацитети може да конкурираат и винариите, кои досега оствариле средства од ИПАРД програмата 2014-2020.

– Но, услов е  за овој период нивната инвестиција да не надминува 4,5 милиони евра, посочи Брајковски.

Тој појаснува дека треба прво  да инвестираат па потоа преку ИПАРД програмата од ЕУ ќе добијат 50 отсто од нивната инвестиција, која е инвестирана во набавка на опрема, а од кои средства од 75 осто се преку ЕУ фондовите и 25 проценти е кофинансирање од државата.

Тој вели дека за мерката ИПАРД 3 веќе постои голем интерес кај винариите во нашата земја.

Организаторите денеска ја претставија и мерката ИПАРД 7, за која заврши аплицирањето и за која веќе се пријавиле 260 апликанти.

Воедно, го најавија и аплицирањето за мерката ИПАРД 1, која е  наменета за примарно земјоделско  пороизводство, а  која треба да стартува од 15 февруари до крајот на идниот месец.ад/фф/

Back to top button
Close
Close