Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Инфлацијата во Турција во мај изнесува 11,39 проценти

Годишната стапка на инфлација во Турција минатиот месец се искачи на 11,39 проценти, додека во мај изнесуваше 10,94 отсто, соопшти Турскиот институт за статистика (ТуркСтат)

Анкара, 3 јуни 2020 (МИА) – Годишната стапка на инфлација во Турција минатиот месец се искачи на 11,39 проценти, додека во мај изнесуваше 10,94 отсто, соопшти Турскиот институт за статистика (ТуркСтат) .

Тоа се должи, пред се на зголемените цени за превоз и на услугите во мај за 1,36 проценти проценти.

На годишно ниво најголем пораст на цените во мај е  забележан на алкохолни пијалаци и тутун од 21,41 отсто и на трошоците за домување од 14,5 проценти.

Инфлацијата се зголеми откако турската Централна банка ја намали каматната стапка на 8,25 отсто и се очекува инфлацијата до крајот на годината да достигне 7,4 проценти.

Според турската Централна банка инфлацијата може да биде висока на краток рок, поради сезонските и новите ефекти поврзани со пандемијата со Ковид-19 врз цените на храната. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close